Нова серија од авторот на „Симпсонови“

28.05.2018 01:28
Нова серија од авторот на „Симпсонови“

Авторот на серијата „Симпсонови“, Мет Грејнинг, работи на нова анимирана серија која ќе се емитува на „Нетфликс“.

Дејството на серијата „Disenchantment“ („Разочарување“) е сместено во средниот век, а ја следи приказната за жената која се вика Бин и која обожава да пие пиво. Тука се и нејзиниот пријател Елфо и нејзиниот личен демон Андре.

На ликовите своите гласови ќе им ги позајмуваат голем број луѓе кои веќе беа ангажирани во „Симпсонови“ и во „Футурами“, а засега се планираат две сезони од по десет епизоди за секоја сезона.

„Разочарување“ е приказна за животот и смртта, љубовта и сексот, и како да се смеете во светот полн со страдања и идиоти, и покрај она што ви го кажуваат старците, волшебниците и други будали“, изјави Грејнинг за „Вараети“.

Серијата би требало да почне со емитување кон крајот на 2018 година.

Ова е промотивното видео:

Извор: Variety

 

ОкоБоли главаВицФото