1010 hPa
31 %
22 °C
Скопје - Чет, 28.03.2024 12:28
Рушејќи го ѕида тој градот
Само самата рушевност
Сета трајност негова да биде
Рушејќи го ѕида тој градот
Никогаш доѕидан
Никогаш дорушен
Рушејќи го ѕида тој градот
Тукидид град што го нарекува
Што луѓето се
Повторува
Градот
Луѓето град
Не ѕидиштата
Рушејќи го ѕида тој градот
За луѓето-рушевни
Превод: П. В.