Безбуџетното биенале „Евроазија“ предизвикува меѓународен интерес

29.05.2018 18:03
Безбуџетното биенале „Евроазија“ предизвикува меѓународен интерес

Второто меѓународно безбуџетно Биенале на визуелни уметности „Евроазија“ предизвика голем интерес кај претставниците на европската и светската уметничка јавност. Така во петокот во популарната сараевска галерија пристигнаа студенти од Берлинскиот Универзитет за уметност (University of Art, Berlin) предводени од една од водечките светски современи уметнички Хито Штаерл и познатиот филозоф Борис Буден.

Хито Штаерл (Hito Steyerl) денес се смета за една од највлијателните светски уметници, изложувала на големи изложби и биеналиња како Документа во Касел, Венеција, Шангај и Истанбул, а минатата година неколку угледни списанија за уметност ја прогласија за највлијателна светска уметница на денешницата. Во своите дела таа главно се занимава со врската на видеото и визуелните уметности со политиката, како и општествените и идеолошки процеси. Во моментов го води Одделот за нови медиуми на Универзитетот за уметност во Берлин.

Борис Буден е филозоф со хрватско потекло што во моментов предава на Универзитетот во Дармштат. Тој е познат по своите остри и јасни анализи на слабостите на современото европско општество и национализмот во Хрватска и на Балканот.

Основачот на Чарлама (Charlama) и куратор на Биеналето, Јусуф Хаџифејзовиќ на студентите им одржа кратко предавање за делата на овогодинешното Биеналето, но и за интересната историја на Чарлама што е постојано во фокусот на вниманието на европската уметничка сцена, а во исто време да дејствува независно и без посериозна поддршка на културните институции во Сараево и Босна и Херцеговина.

Освен во Чарлама, учениците со нивните професори се запознаа со работата на групата Црвена, Кинотеката на БиХ и на Факултетот за политички науки во Сараево, по што отидоа да го посетат спомен паркот Тјентиште и во Мостар.

Во вториот дел од програмата истиот ден беа презентирани антологиски документарни филмови на Филмскиот центар Сараево во избор на филмскиот режисер и директор на центарот Јасмин Дураковиќ.

Публиката имаше можност да погледне неколку познати филмови „Човекот без лице“ („Čovjek bez lica“ 1961) на Бата Ченгиќ, „Кесонци“ („Kesonci“ 1965) на Бакир Тановиќ, „Еден ден на Рајко Максим“ („Jedan dan Rajka Maksima“ 1976) на Златко Лаваниќ и „Маргина 88“ (1988) на Шахин Шишиќ, како и филмот на познатиот српски режисер Душан Макавејев „Убавица '62“ (Lepotica '62), снимен во 1962 година во продукција на „Босна филм“ од Сараево.

Второто безбуџетно биенале „Евроазија“ беше отворено на почетокот на мај и ќе трае во следните два месеци во просторот на галеријата Чарлама, во Центарот Скендерија.

Извор: banjalukain.com

 

Слични содржини

Балкан / Уметност / Филм / Око
Книжевност / Уметност / Филм / Око
Уметност / Филм / Око
Општество / Балкан / Филм

ОкоБоли главаВицФото