Северниот прозорец

30.05.2018 11:35

На прв поглед
Тука гледаш малку Рим
Надвор од себе
И малку Венеција
Надвор од себе
Што е тука словенско
Би сакала да видиш
Нè има ли барем малку
Надвор од нас
Го гледаш таму
Полуотворенион прозорец
Низ северниот издлабен бедем
Пред него шпарглите в питар*
И рузинавата** тирамола***
Е гледаш
Тој наизглед бесмислен прозорец
Служи за на време да се види
Кога кон Вратите златни
Ќе притиснат новите варвари
Па да ги прашаме
Каде се до сега
Како им било по пат
Да им кажеме што каде се наоѓа
Главниот вентил
Разводната кутија
Плинот
Па и ние да заминеме негде
Каде што надвор од себе се оди
За да се одмориме
Од нашето варварство
Од нашето господство
Од нас

*Питар (грчки) - саксија.
**Рузина (лат.) - рѓа (рузинав брод, целиот рузинав - целиот рѓосан).
***Тирамола - сушило направено така конопот да може да се придвижува по потреба, со цел алиштата што се сушат да можат да се дофаќаат и разместуваат (италијански: tira: повлечи + mola: потегни).

Превод: П. В.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото