Што граѓан(к)ите сакаат од Владата vs. Што Владата работи

30.05.2018 14:09
Што граѓан(к)ите сакаат од Владата vs. Што Владата работи

Според податоците што визуелно ги презентираше Рефлектор, 26,8 отсто од граѓаните очекувале од Владата да се посвети на отворање на повеќе нови работни места, а 26 отсто на прашањето: Што сакате да видите од оваа влада? одговориле дека сакаат економски развој.

9 отсто од анкетираните бараат од владата подобро здравство, 6,4 отсто подобра социјална заштита, 6, 3 отсто очекуваат решавање на прашањето со името, а 5,3 отсто приближување кон влез во ЕУ и НАТО.

Наспроти очекувањата на граѓаните за приоритетните проблеми во државата, на прашањето: На која област Владата посвети најмногу внимание во изминатите 12 месеци - 36,3 отсто одговориле: на името.

22,4 отсто од испитаниците одговориле дека владата најмногу внимание посветила на ЕУ и НАТО. 3, 9 отсто мислат дека владата најмногу се посветила на надворешната политика. Додека најмал број од граѓаните мислат дека владата се посветила на отворање нови работни места – 2,9 отсто, на земјоделие – 1,9 отсто додека само 1,7 отсто од граѓаните мислат дека владата се посветила на подобрување на здравството.