Добредојдовте во велосипедскиот рај

01.06.2018 00:24
Добредојдовте во велосипедскиот рај

Уште пред да станам од кревет, нашата 15-годишна ќерка ја затвора вратата, се качува на нејзиниот велосипед и тргнува за на училиште и да се најде со нејзините пријатели по пат.

Минатата недела, нашиот осумгодишен син и 13-годишната ќерка присуствуваа на четири забави. Го избегнаа задолжителниот роденденски шеќер, отидоа да куглаат, да пукаат со ласери, играа мини-голф и галеа овца – и сето тоа патувајќи со велосипед.

Ова е секојдневниот живот во Хутен, предградие на Утрехт во Холандија. Ако поминете некое време овде брзо ќе видете куп деца кои ги возат своите велосипеди за спортски активности надвор од училиштето на ветер, дожд или сонце. Една од моите омилени холандски изреки е „Jij bent niet van suiker gamaakt” („Не си направен од шеќер“), што значи дека нема да се стопите од дождот, така што возете велосипед.

Овој животен стил нè доведе во Холандија од Британија. По 15 години сонување, преку Сиднеј, Лондон и Норвич, тргнавме во потрага по град кој е пријателски настроен за велосипедисти.

Сега сме „Хутенаарс“, граѓани на светско познатото велосипедско предградие, проучувано од градски архитекти низ светот. Хутен е на мапата уште од римско време, но модерниот развој започнал во доцните 60-ти години за време на брзиот развој на Утрехт.

Архитектот Роб Деркс го дизајнираше Хутен за да им даде приоритет на пешаците и велосипедистите. Обиколница го опкружува предградието и населените места. Возила се дозволени само по патишта што се наоѓаат по краевите на градот. Наместо тоа, има опширна мрежа на патишта и велосипедски патеки кои ги поврзуваат областите.

Острите кривини и ограничувањата во брзина значи дека патиштата се намерно отежнати за моторните возила: во Хутен, автомобилите се речиси непосакувани гости.

За разлика од возачите, велосипедистите и пешаците можат директно да патуваат, со двеминутна прошетка или 10-минутно возење со автомобил, на пример.

Функционира: речиси 98 отсто од домаќинствата во Хутен поседуваат најмалку еден велосипед, или во просек 3,4 велосипеди во секое домаќинство. Иако повеќето патувања до работа се направени со велосипед – особено патувања надвор од градот – возењето велосипед е најпопуларен начин на транспорт.

Последниот извештај покажа дека 53 отсто од населението патува до продавница со велосипед или пеш. Оваа бројка се зголемува на 79 отсто за пократки патувања како до банка или на фризер, но и посетување на пријатели и семејство во Хутен.

Сепак, жителите поседуваат и автомобили – иако ретко повеќе од еден, а некои одбираат да ја делат со друштво. Децата возат велосипед веднаш штом ќе проодат, лицата со попреченост слободно и самостојно, а повозрасните луѓе возат насекаде и ако тие почнат да се чувствуваат небезбедно на две тркала, ги заменуваат со три. Имигрантите кои никогаш немале велосипед, се учат да возат.

Секојпат имаме чудно чувство на вина што го сакаме овој совршено испланиран живот. Посетителите имаат чудно чувство дека се наоѓаат во „Шоуто на Труман“, брзо исчезнуваат кога сфаќаат колку погрешна перцепција имаат за „нормален“ град.

Моето семејство имаше среќа – мојот свекор, кој има холандски пасош, му го даде на својот син по потекло од Австралија кога неговото семејство ја напуштило Холандија по војната.

Нашите деца беа доволно возрасни да знаат што напуштаат во Норвич.

Можеби не мразеа што ги оставивме во локално холандско училиште без да го знаат јазикот, но преживеаја. Прво им недостасуваа пријателите но сега ја сакаат нивната независност, чистиот воздух и заедницата во Хутен.

За време на посети на фамилијата во Лондон и Австралија, сите три деца се зачудени колку време мора да поминат во автомобил, колку е сè бучно и колку децата се зависни од родителите.

Не сите имаат шанса да го направат изборот што ние го направивме. Но, не сè за што се залага Хутен е радикално или алтернативно. Одлуката на овој холандски град да се оттргне од автомобилите, за да го исчисти воздухот, за да инвестира во здравјето на индивидуите, не е недостижна идеја.

Хутен е иднината што ја сонуваат многумина од нас во општествата кои се фокусираат на автомобилите, но таа иднина се случува овде и сега. Ништо не ги спречува другите градови да ги направат истите одлуки.

Извор: The Guardian

Слични содржини

Јавни Простори / Европа / Екологија

ОкоБоли главаВицФото