Што е подобро за мозокот - пишување со рака или на тастатура?

01.06.2018 00:44
Што е подобро за мозокот - пишување со рака или на тастатура?

На Универзитетот „Принстон“ и на УКЛА се спроведени низа истражувања за да се открие влијанието на пенкалото и хартијата, односно тастатурата врз нашиот мозок.

Резултатите покажале дека пишувањето со пенкало, освен што влијае врз развојот на мозокот, помага и за подобро разбирање на материјалот, во споредба со пишувањето на тастатура.

Студентите кои на предавањата рачно ги запишувале белешките подобро го запомнувале и го разбирале напишаното, а се покажало и дека се поподготвени за прифаќање нови идеи.

Во втората студија, спроведена на Универзитетот во Индијана, научниците ги скенирале мозоците кај деца што пишувале со рака и кај деца што пишувале на тастатура. Се покажало дека мозочната активност е посилна кај децата што пишувале со рака.

Психолозите и невролозите им порачуваат на родителите да им ја ограничат употребата на тастатурите, компјутерите и паметните телефони на своите деца и во рацете да им дадат моливи, боички и четки за да ги стимулираат не само мозочниот развој и креативноста туку и нивната моторика.

Извор: Quartz

ОкоБоли главаВицФото