Четири документарци

01.06.2018 09:48
Четири документарци

Во изминатите седум години, македонската демократија ја „разбудија и размрдаа“ големи граѓански иницијативи. Почнувајќи од Протестирам, преку Студентскиот и Средношколскиот пленум, па сè до Шарената револуција, граѓанското општество изврши притисок на власта и успеа да направи некаква промена во Македонија.

Младинскиот образовен форум, во соработка со новинари на Радио МОФ, во изминативе месеци работеше на четири документарни филмови, чија цел е да ги овековечат овие четири значајни движења, да ги архивираат за да не останат заборавени, но и да поттикнат во иднина погласно и послободно граѓанско општество. Во нив се документирани искуствата, сеќавањата и животите на значајни членови на овие движења.

Автори на видеата се новинарите Бојан Шашевски, Емилија Петреска, Јасмина Јакимова и Даниел Евросимоски, а камерата и монтажата се на Горјан Атанасов. Документарците имаат превод на албански, а се доработува и преводот на англиски јазик.

Кратките документарци погледнете ги во продолжение.

#Протестирам 

#СтудентскиПленум

#СредношколскиПленум

#ШаренаРеволуција

Проектот е финансиран од Европската унија, преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумската слобода и слободата на изразување во Западен Балкан“, имплементирана од Асоцијацијата на хрватски новинари, како дел од регионалниот проект на Регионалната платформа на Западен Балкан за Заштита на слобода на медиумите и безбедност на новинарите. Проектот го спроведуваат шест регионални новинарски здруженија – Асоцијацијата на независни новинари на Србија (IJAS), Асоцијацијата на новинари на Босна и Херцеговина (BHJ), Асоцијацијата на хрватски новинари (CJA), Асоцијацијата на новинари на Косово (AJK), Здружението на новинари на Македонија (AJM) и Синдикатот на медиуми на Црна Гора (TUMM).

Извор: Радио МОФ

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото