Промоција на „Тринаесет осврти за книжевни и слични дела“ од Елизабета Баковска

01.06.2018 11:58
Промоција на „Тринаесет осврти за книжевни и слични дела“ од Елизабета Баковска

На 4. јуни, во Јавна соба, со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на книгата „Тринаесет осврти за книжевни и слични дела“ од Елизабета Баковска, во издание на Блесок.

За книгата која содржи текстови напишани во периодот од 2005-2016 ќе говори Оливера Ќорвезироска, а извадоци ќе чита Тихомир Јанчовски.

Елизабета Баковска дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Докторирала на тема од областа родови студии на Институтот Евро-Балкан. Главен уредник на електронското списание за култура и литература Блесок (www.blesok.mk).

Преведува, пишува поезија, проза и книжевна теорија и критика.
На македонски јазик ги превела Надин Гордимер, Вилијам Фокнер, Бора Ќосиќ, Давид Албахари. Нејзина поезија, проза и критички текстови се преведени и објавени на англиски, шпански, романски, бугарски, словенечки, српски, црногорски јазик.

Досега ги објавила книгите:

Житие на нашата љубов, поезија (Маседониа Прима, 2003)
Четири годишни времиња: раскази за суштински нешта, раскази (Блесок, 2004)
Состојби на духот и телото по триесеттата, поезија (Блесок, 2005)
На пат кон Дамаск, роман (Слово, 2006)
Варварите сè уште пишуваат поезија, поезија (самостојно издание, 2015)
Сопствена соба, сопствено гето: женското писмо во современата македонска проза, книжевна теорија/критика (самостојно издание, 2016)

 

ОкоБоли главаВицФото