Како тетоважите ја стекнуваат својата моќ

02.06.2018 02:12
Како тетоважите ја стекнуваат својата моќ

Тетоважите ги сметале за траен украс. Мастилото кое продира длабоко под кожата и таму останува засекогаш е фиксирано под кожата.

Но, што ако тетоважите, впрочем, постојано се менуваат, ако кристалите од мастилото константно се поместуваат и мешаат и само оддаваат илузија на статичност?

Тоа го забележале француските научници за време на студијата за тетовирање глувци.

Во нивниот модел за трајноста на тетоважите, макрофагите – имуноклетки кои јадат туѓи или нездрави остатоци во телото – играат важна улога.

Таргетирањето на овие клетки би можело да им помогне на луѓето кои планираат да отстранат тетоважа.

Кога тетоважата ќе се заврши, макрофагите почнуваат да го напаѓаат мастилото. Бидејќи гранулите мастило се преголеми за нив, потоа се насочуваат кон пигментот.

Со текот на времето, оригиналните макрофаги умираат или ги испуштаат пигментите кои ќе ги преземат новите макрофаги, продолжувајќи го циклусот на тој начин, вели Сандрин Ени, истражувач од Имунолошкиот центар Марсељ-Лумини која е авторка на студијата со колегата Бернар Малисен.

Истражувањето покажува дека тетоважите впрочем се подинамични одошто сме мислеле, рече Јохан Гудјонсон, професор на Мичигенскиот универзитет кој не учествувал во студијата.

Експертите со години веруваа дека тетоважите остануваат трајни зашто бојата останува во фибробластите, клетки кои го синтетизираат колагенот и се наоѓаат под површината на кожата.

Кога под микроскоп ја погледнале биопсијата на тетоважите, научниците воочиле макрофаги преполни со меурчиња мастило и приказната за тетоважите одеднаш станала приказна за имуносистемот.

И натаму се верувало дека макрофагите со мастило се стабилни и долговечни и затоа се долготрајни и тетоважите.

Оваа студија покажува дека, барем кога станува збор за глувците, овие макрофаги константно се менуваат.

Експертите кои ги проучувале клетките на кожата кај црните глувци за друг проект, забележале дека макрофагите земаат мелатонин од клетките што умираат кои произведуваат пигмент. Им паднало на ум дека сличен процес се случува и со тетоважите.

Со тетовирањето зелени риги на опашките на албино глувци (со прачка и игла), имунолозите потврдиле дека макрофагите го изолираат мастилото.

Кога селективно убиле неколку макрофаги, тетовираните опашки останале непроменети зашто новите макрофаги дошле и ги преземале ослободените пигменти.

Потоа, тимот префрлил тетовирана кожа од еден глушец на друг. После шест недели, повеќето макрофаги со мастило биле на пресадениот дел од кожата кај примателот, а не кај глушецот-донор, што е доказ дека макрофагите поминале преку циклусот на обновување.

Авторите шпекулираат дека таргетирањето макрофаги може да го подобри ласерското отстранување тетоважи кое може да потрае и до 20 третмани.

Џаред Џагдео, дерматолог од Универзитетот Калифорнија, исто така се прашува дали макрофагите влијаат на отстранувањето тетоважи со реапсорбирање на честичките мастило.

Од 2014 година тој ласерски отстранувал тетоважи со користење антиинфламатори за да ја спречи работата на макрофагите.

„Разликата се забележува“, вели и додава дека процесот за отстранување тетоважи барал десет или помалку третмани.

Но, Николас Голда, дерматолог од Школата за медицина на Универзитетот во Мисури, вели дека другите пристапи би биле поедноставни и поефикасни. Другите се обиделе да промовираат мастило кои полесно се разбива со ласери, но без успех зашто „мајсторите за тетоважи не се заинтересирани да им олеснат на луѓето да ја отстранат нивната уметност“, рече тој.

Извор: The New York Times