Како директор на „ЕЛЕМ“, Христијан Мицкоски си изградил 5 хидроцентрали вредни 10.000.000 евра

02.06.2018 02:23
Како директор на „ЕЛЕМ“, Христијан Мицкоски си изградил 5 хидроцентрали вредни 10.000.000 EUR

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на директорувањето со државната компанија „ЕЛЕМ“, ја злоупотребил својата позиција за лично богатење. Еве како:

Стационирањето на два огромни жолти багери во коритото на живописната река, која ја краси туристичката населба Равна река кај Пехчево било целосно изненадување за сопствениците на викендичките. Веднаш почнало копањето покрај асфалтниот пат низ населбата, а паднале и првите педесетлетни дрвја.

Што ќе се гради и кој е инвеститорот, сопствениците на викендичките разбрале од информативната табла поставена до градилиштето.

Компанијата „Минка Eнерготек“ е инвеститорот кој ја добива концесијата за изградба на мини хидроцентрали, за што како изведувач ја ангажирала скопската компанија „Авангард инженеринг“.

Тековната состојба од Централниот регистер откриле дека основач на „Минка-Енерготек“ е скопската фирма „Енерготек“.

Потписник на одлуката за давање на концесија е екс министерот Зоран Ставревски.

Прв на листата на основачи на фирмата „Енерготек“ ДОО Скопје(ЕМБС- 6953077 со седиште на Васил Ѓоргов бр 28-3/4 Скопје, со понуда со број 02-6266/10 од 02.06.2014 година) со почетен капитал од 1.250 евра е Димитар Димески – поранешен советник на екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Поранешниот министер е сопственик на огромна парцела недалеку од Равна река. Според имотниот лист пријавен во Антикорупциска, Јанакиески во 2012 година на својот син му купи 3039 квадратни метри земјиште во беровско за 61.500 денари.

Понатаму на листата на основачи на „Енерготек“ ДОО Скопје, фирмата мајка на инвеститорот на хидроцентралите, е делчевчанецот Орце Тодоровски, кој исто така здружил 1.250 евра основачки капитал. Како инвеститор се јавува и сегашниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, а тогашен директор на АД „ЕЛЕМ“-Скопје, Христијан Мицковски со вложени 900 евра, додека Стефан Трајкоски од Скопје вложува 1.600 евра. Тој воедно е и управител на двете компаниии и на „Енерготек“ и на фирмата ќерка „Минка-Енерготек“.

Покрај „Енерготек“ уште две други фирми се основачи на компнијата инвеститор – фирмата „Акваенерги“ од Скопје и „Минка ДА“ од Струмица, која другата страна од планината веќе поседува хотелски комплекс „Бела вода“, чии гости често се владини функционери.

Управителот на „Минка Енерготек“ Стефан Трајкоски е и генерален менаџер на фирмата „ФОНКО ХИДРО“(www.fonkohydro.com).

Од интернет страницата (www.fonkohydro.com) која е само на англиски јазик, може да се види дека е насочена кон привлекување странски инвеститори во секторот обновливи извори на енергија. Како што пишува, компанијата посредува во комплетниот процес на остварување на една инвестиции во енергетскиот сектор, од добивање на градежно земјиште, преку изработка на елаборати и проект, преку обезбедување на фирма изведувач до комплетно посредување до краен енергетски објект.

Од биографиите на основачите на Енерготек, се гледа дека Христијан Мицкоски, сега претседател на ВМРО ДПМНЕ и Стефан Трајкоски, менаџер, биле некогашни колеги токму во компанијата „ФОНКО ХИДРО“.

Овие хидроцентрали, кои нема да работат повеќе од неколку месеци во годината, имаат една цел – да дојдат до субвенциите кои државата, а во идинина и Европската Унија ги дава за секој киловат прозведена зелена енергија.

Компанијата која ги градела мини хидроцентраките, направила и база од која незаконски експлоатираа ситен песок и шљунак за која немаат дозвола од соодветните институции.

Екс Градоначалникот на Пехчево. Игор Поповски во 2015г. физички се пресметал и со раководителот на секторот за урбанизам во Општината кој се приклучил на протестот на граѓаните и дал изјава дека мини хидроцентралите се граделе со дозвола која била без потпис и печат. Токму екс Градоначалникот на Пехчево е еден од луѓето кои незаконски прибавувал документи за да овозможи непречена градба на мини хидроцентралите на (сега) својот шеф Мицкоски. Поповски исто така е сопственик на хридроцентрала, иако со далеку помала моќност од само 10 мегавати, колку да го оддржува со струја рибникот што со години го поседува.

Пехчевчанецот Звонко Вучковски, кој за себе вели дека е еден од основачите на партијата ВМРО ДПМНЕ, тврди дека основачите на „Енерготек“ се поранешни или сегашни вработени во Министерството за транспорт и врски.
„Проектот го спроведуваат четворица од тимот на министерот за транспорт и врски. Тие се од ВМРО, ама „преметаре“ од ВМРО-то. Работата е за профит, ништо друго. Сакаат да си обезбедат и внуци и правнуци. Во оваа држава има закони и треба да се одговара. Јас се надевам дека ова не е став на луѓето од повисоките слоеви на ВМРО и не знаат за ова. Ова е дело на ешалон број пет“, вели Вучковски.

Христијан Мицкоски е должен пред македонската јавност да даде одговори на прашањата како тој за време на директорувањето на АД „ЕЛЕМ“ станува сопственик на неколку мини хидроцентрали за кои добивал и субвенции од Владата на неговиот шеф Никола Груевски?

Извор: https://kriminalitenavmrodpmne.wordpress.com