Капитален ре(тро)брендинг

06.06.2018 12:38
Капитален ре(тро)брендинг

Споменикот на Карл Маркс од градот Углич е претворен во епскиот херој Илја Муромец кој сега се наоѓа во историското село Учма, во Јарославската област во Русија.

Ова е интересен пример за пренамена на симболичкиот капитал, а за нештата да бидат уште поинтересни, токму Маркс, големиот заштитник на интересите на обесправените и борецот за социјална правда е претворен во богатирот Муромец. Овој витез од средновековната славјанска епска традиција бил предмет на бројни прикази и во руската ликовна уметност.

Но, овој пример е навистина неверојатен капителен ре(тро)брендинг.

 

Фотографија: Алексеј Суслов

преземена од Андреј Алексеев

 

ОкоБоли главаВицФото