Дебата за Европа 2018

06.06.2018 13:50
Дебата за Европа 2018

Од 7 до 9 јуни, 2018 година, во Скопје ќе се одржи тридневниот настан „Дебата за Европа“, во организација на Германската академија за јазик и литература, Фондацијата „С. Фишер“ и Фондацијата за култура „Алијанс“. Од македонска страна, партнер во организацијата е Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи уметнички практики, со поддршка на Традуки.

За време на дебатата во Скопје, ќе се расправа, меѓу другото и за следните теми: Шарената револуција: само брендирање или почеток на еволутивен процес? Како да се обликува заедничка иднина на културен диверзитет (мултикултурализмот како шанса), а истовремено да се зачува наследството на традиционалните религиозни и културни идентитети? Можностите за соработка во регионот и изгледите за интегрирање во Европската Унија.

Програмата ќе биде заокружена со книжевни настани.
Дебатата за Европа ќе се одвива и во групи за внатрешни дискусии и во јавни форуми со активно учество на публиката. Настаните ќе се одржуваат во Музејот на современа уметност, како и Националната галерија во Даут Пашин амам.

Учесници се еминентни европски и македонски интелектуалци и писатели: Анте Контиус од Фондација „С. Фишер“, Артан Садику, Сретен Угричиќ, Роберт Алаѓозовски, Карл Хендрих Фредриксон, Ненад Шебек, Влатко Стефановски, Рамадан Рамадани, Иван Додовски, Кирил Штигер, Катрин Томанек од Културна Фондација „Алијанц“, Небојша Вилиќ, Мариглен Демири, Билјана Гинова, Волкер Вајксел, Ернст Остеркамп од Германска Академија за јазици и поезија, Румена Бужаровска, Оливера Ќорвезировска, Луан Старова, Аријан Лека, Марко Погачар, Никола Маџиров, Десислава Гаврилова, Агрон Туфа, Елизабета Шелева, Ведран Џихиќ, Јоанис Армаколас, Сенада Село Шабиќ, Сашо Орданоски, Беса Арифи, Мари-Жанин Калик.

Од 2012 година наваму Германската академија за јазик и литература, фондацијата С. Фишер и фондацијата за култура Алијанс организираат меѓународни форуми на важни теми поврзани со европските работи. Интелектуалци од земјите на германското говорно подрачје, како и од Јужна, Централна и Источна Европа се состануваат со претставници на граѓанското општество, на културата и политиката од земјата домаќин за да остварат отворен и заемно корисен дијалог.

Досега, Дебати за Европа се одржале во Будимпешта и Букурешт, во Белград и Атина, во Нарва и Санкт Петерсбург, во Минск и Харков и неодамна, во Сараево.

Програма:

Четврток, 07. 06. 2018
Даут Пашин Амам
________________________________________
18:00-18:15 отворање: Анте Контиус, Фондација С. Фишер, за иницијаторите и мрежата ТРАДУКИ
Неговата Екселенција Томас Герберих, Амбасадор на Република Германија во Македонија Нејзината Екселенција Ренате Коблер, амбасадорка на Република Австрија во Македонија
18:15-19:15 „Помеѓу: Уметноста и културата во времиња на промена“
Артан Садику, Сретен Угричиќ, Роберт Алаѓозовски – Модератор: Карл Хендрих Фредриксон
19:30 - 19:45 Разговор помеѓу Ненад Шебек и Влатко Стефановски
19:45 - 20:30 „Музичка интервенција“– краток концерт на Влатко Стефановски

Петок, 08. 06. 2018
________________________________________
Прв дел: Даут Пашин Амам
10:00 - 11:30 „Мултикултурализмот како шанса“
Рамадан Рамадани, Иван Додовски, Кирил Штигер – Модератор: Ненад Шебек

Втор дел: Музеј на современа уметност
18:00 – 19:30 „Шарената револувија – Брендирање или само почеток на еволуциски процес“
Поздравен говор: Катрин Томанек, Културна Фондација Алијанц
Небојша Вилиќ, Мариглен Демири, Билјана Гинова - Модератор: Волкер Вајксел

20:00-21:30 „Книжевна вечер“– Поздравен говор и запознавање: Ернст Остеркамп, Германска Академија за јазици и поезија
Румена Бужаровска, Ернст Остеркамп, Оливера Ќорвезировска, Луан Старова, Аријан Лека, Марко Погачар, Никола Маџиров

Сабота, 09.06.2018
Даут Пашин Амам
________________________________________
10:00-11:30 „За регионалниот контекст “
Десислава Гаврилова, Агрон Туфа, Елизабета Шелева – Модератор: Ведран Џихиќ
12:00-13:30 „Кон ЕУ: перспективи или интеграција“
Јоанис Армаколас, Сенада Село Шабиќ, Сашо Орданоски, Беса Арифи – Модератор: Мари-Жанин Калик

 

ОкоБоли главаВицФото