Соблекување

06.06.2018 14:44

Станав гола пред тебе
Како нога од стриптизета

Од којашто миговно
Се лизнува свилениот чорап
Набраната змиска кошулка

Така сега лежи мојата душа
Одделена од телото

Што ја ставаш во торбата на спомените
Претходно ветена на моите пци
Што гровтаат околу мене
Пружајќи ги јазиците како раце.

Ајде, подај ми го еднаш тој чорап.

Превод: Бранко Цветковски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото