Колку шума треба да се исече за гасоводот на Водно?

07.06.2018 12:10
Колку шума треба да се исече за гасоводот на Водно?

Иницијативата „Го сакам Водно“ информира дека вчера попладне претставници од граѓански иницијативи се сретнале со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на негов повик, заедно со директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и шефот на неговиот кабинет, Никола Наумоски, во просториите на Владата на РМ.

„Некој го довел во заблуда вицепремиерот дека се работи за шума од 600 метри до максимален потег од 1 км која би се исекла при изградба на гасоводот на Водно. Податоците на граѓанските иницијативи и теренското разгледување на трасата предводено од изведувачот Рапид Билд укажуваат на сосема друга, далеку подраматична состојба за степенот на уништување на шумите и биодиверзитетот кој би настанал при изградбата на гасоводот во парк-шума Водно“, соопштува „Го сакам Водно“.

Според иницијативата, вицепремиерот Анѓушев иницира да се оди заедно по трасата на Водно за да се направи увид на штетата која би настанала.

 

ОкоБоли главаВицФото