Дрво во долот

07.06.2018 12:56

I

Има едно мало дрво
осамено и грдо што се ниша
во долот црно чемреење црно

Две гранки има и труп и молчење
и прилега на човек многу страден
закован и закопан во земја

И не памети многу денови
ни снег ни дожд ни ветрови ни треви
ни птица в него гнездо не ткае

Стои така голо како крст
и како човек закован во земја
мртовец чиниш в лице ти се смее

Песочна уста и труп од камење

 


II

Ова суво дрво и само
има очи од ветрови јужни
што гледаат преку многу залези

Но ветровите не идат во овој дол
заборавен од бога и од сè
во мрак што стине

И води и темни карпи се ронат
со крик на ѕверови
да му ги глодаат корите

А тоа сепак стои чиниш в лет
го хранат ветровите сонувани
што гледаат преку многу залези

Ни залезот не е залез во овој дол

 


III

Зашто кај нема сонце нема ни мугра ни залез
ни мракот не е оној мрак пред кој се плаче
ни простор нема ни време ни осаменост.

Сè е глуво. Ништо не постои.
А дрвото сепак расте. Расте полека.
Не знаејќи.

Таму само земјата кроце зборува
дека нешто се случува.
И има еден тенок извор в неа
сè што знае.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото