Светски ден на плетење во јавност

08.06.2018 03:57
Светски ден на плетење во јавност

На 9 јуни (сабота) во Скопје ќе се одбележува Светскиот ден на плетење во јавност. Настанот ќе се одржи во кафулето Гарсон од 16, 30 до 20, 30 часот.

„Ајде заедно да го прославиме светскиот ден на плетење во јавност!

Секој што плете/хекла, има другар/ка кој/а плете, роднини кои низ годиниве создаваат плетени продукти, и вие, сите кои сакате да се дружите со нас, плетачите. Да се преброиме колку сме, кои сме, да си плетеме дур пиеме кафе, пиво и да си размениме искуства, па и можеби идни заеднички проекти“, стои во повикот на Фејсбук.

Што е потребно да донесете?
- Потребно е да ги донесете вашите омилени игли за плетење и ваша волница со која си работите. Доколку работите на актуелен плетачки проект, во сабота во Гарсон е идеалното местото каде можете на отворено да си плетете. 

Организаторите обезбедуваат:
- поддршка и размена на искуство со плетење/хеклање
- некои мали слатки плетени подароци
- прекрасната употреба на вештината за плетење и зачувување на природната средина со ре-употреба на пласични кеси
- презентирање на проектот Плетени коцки (Knitted squares) и правење на ќебиња кои ќе бидат донирани за деца без родители.
 

Слични содржини

Општество / Активизам / Квир / Живот
Општество / Активизам / Јавни простори / Живот
Активизам / Психологија / Живот
Општество / Активизам / Живот / Филм
Општество / Активизам / Живот / Теорија
Општество / Активизам / Живот

ОкоБоли главаВицФото