Ѕвона

08.06.2018 15:40
Ѕвона

Музичкото дело на Благој Цанев, според песната „Ѕвона“ на Матеја Матевски, во изведба на женскиот малдински хор при МБУЦ „Илија Николовски - Луј“.

Диригент: Панче Јосифовски





Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
Звуците се бранови на ветерот
низ тревите подгонети.

Некаде ѕвони. Продолжително остро и нежно.
Глуво е сè. Сал ритамот
плиска по брегот на железото.

Некаде ѕвони. Шибни ме високо и бездно.
Бегајте низ кавезот звучен
глуво и безнадежно.

Некаде ѕвони. Малечок ѕвонам и врискам.
Сè е затворено. Опчинет
за звуците сум виснал.

Некаде ѕвони. Удри ме. Колку сум храбар а питом.
Време, удри и ти по споменот
грубо и незаситно.

Некаде ѕвони. Премногу дамна и сега.
Сè боли, небо. По тревата
на звуците познати легни ме.



Извор: Socom Sokom

Слични содржини

Книжевност / Музика / Око
Книжевност / Уметност / Филм / Око
Музика / Око
Технологија / Музика / Око
Музика / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око

ОкоБоли главаВицФото