Почина светски познатиот готвач и патеписец Ентони Бурдејн

08.06.2018 17:35
Почина светски познатиот готвач и патеписец Ентони Бурдејн

Ентони Бордејн, еден од најпознатите готвачи во светот и автор на култниот кулинарски серијал „Без резервација“ и актулениот „Непознати делови“, бил пронајден мртов во неговата хотелска соба во Стразбур, Франција.

Неговата матична куќа Си-Ен-Ен потврди дека се работи за самоубиство. Бордејн бил во Франција и работел на следната епизода од неговата наградувана ТВ серија за Си-ен-ен. Неговиот пријател Ерик Риперт, француски готвач, го пронашол Бордејн во неговата хотелска соба без знаци на живот.

„Со огромна тага ја потврдуваме смртта на нашиот пријател и колега Ентони Бордејн. Неговите таленти никогаш не престанаа да нè фасцинираат и многу ќе нѝ недостасува. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејството во вакво неверојатно тешко време”, објави Си-Ен-Ен.

 

ОкоБоли главаВицФото