Ситно невреме

09.06.2018 18:40
Ситно невреме

Десетици искршени дрва од едно релативно мало невреме односно обична летна бура кој ја поминав на точак. Ова го покажува нивото на запуштеноста на јавната инфраструктура и негрижата за јавното зеленило.

Дел од езерцата кои денес се формираа во Скопје се бидејќи коли одат кај што не треба, дел се бидејќи улиците нередовно се санираат. Запушените атмосферски канализации се заради ѓубрето по улиците кое ги запушува шахтите. Дел од дрвјата паднаа бидејќи околу нив сè е раскопано, а дел бидејќи корењата им се бетонирани.

Се прашувам што ли треба да се случи за да превенираме а не да санираме последици од вакви ситни невремиња.

ОкоБоли главаВицФото