Дејвид Хојл: Дијамант

11.06.2018 09:49
Дејвид Хојл: Дијамант

Во саботата, на 9 јуни 2018 година, во МКЦ се одржа една ретко видена претстава-перформанс: Дијамант (Diamond) со Дејвид Хојл (David Hoyle) во главната улога на актер, раскажувач и модератор. Користејќи ја возбудливата биографија на Хојл претставата „Дијамант“ е едновремено тегобно и ослободувачко патување низ британската историја на ЛГБТ еманципацијата, почнувајќи од 1957 година до денес. Видовме дијамантски светкаво авангардно театарско дело кои ни ги долови клучните преобразби на геј контракултурите, на квир родот и сексуалноста во последниве педесетина години.

Дејвид Хојл (кој/а за себе вели дека не е ни машко ни женско туку е аморфен/на) е, меѓу другото, и голема британска ТВ ѕвезда. Во претставата беше придружуван од The LipSinkers, четиричлената дрег театарска трупа која кореографски изведуваше познати поп песни. Иако претставата не им беше препорачана на „луѓето со слабо срце“ или на „ненаклонетите кон хаос“ синоќа во кино салата на МКЦ срцата се топеа од радост и ослободување, а хаосот ги доби највеселите конфетести форми. Малобројните присутни доживеаја вистинска уметничка катарза, толку ретка во Скопје. Дотолку, сите честитки за организаторите на претставата, Skopje Pride Weekend 2018.

Од претставата во продолжение пренесуваме триесетина извонредни фотографии на Ванчо Џамбаски.

  

ОкоБоли главаВицФото