Фотографиите што ги покажаа игрите на моќ помеѓу светските лидери

11.06.2018 12:34
Фотографиите што ги покажаа игрите на моќ помеѓу светските лидери

На самитот Г-7 кој помина во тензична атмосфера, имаше многу шпекулации дали лидерите ќе можат да се договорат за да излезат со заедничко соопштение имајќи ги предвид разликите во однос на трговијата, Иран и политиките за климатските промени.

Дел од несогласувањата излегоа во јавноста. Меѓу нив и тоа дека Трамп го напуштил состанокот.

Разликите и тоа кој како си ја сфатил улогата на самитот ја покажаа секој од лидерите или нивните лични фотографи преку социјалните мрежи.

Петмина лидери објавија фотографија од истиот состанок, но од различен агол. Според тоа, ако се погледне историската фотографија што ја објавија на официјалниот профил на Инстаграм на Меркел, може да се види дека таа доминира; ако се погледне фотографијата што ја објави ПР тимот на Трамп се добива впечаток дека тој е доминантен.

Авторот на фотографијата на канцеларката е официјалниот фотограф на нејзиниот кабинет, Јеско Дензе, кој успеал да ја фати Ангела Меркел како стои над американскиот претседател кој седи со скрстени раце. Исто така, на масата се и францускиот претседател Емануел Макрон и британската премиерка Тереза Меј.

Првиот човек на Доналд Трамп задолжен за социјални медиуми, Дан Скивино Џуниор, од истиот состанок објави фотографија на Твитер, но од друг агол, на која тој седи опкружен со другите лидери. Впечатокот е дека тој е главниот во просторијата.

Тие не се единствените. Од истиот состанок осамна фотографија и од Твитер профилот на францускиот претседател Емануел Макрон. Нормално, на неа тој е во доминантна улога.

„По долгиот ден на работа и многу дијалог, активно бараме амбициозен договор“, пишува на фотографијата.


Оваа листа продолжува со новиот италијански премиер Џузепе Конте, од чиј профил неговиот ПР тим напиша: „Втор ден на Г-7 во Канада каде продолжувам да ги застапувам и бранам италијанските интереси“.

И да не бидат надминати, со фотографии се пофалија и од тимот на канадскиот премиер Џастин Трудо. Фотографиите ги објави неговиот официјален фотограф Адам Скоти.

Извор: Independent

ОкоБоли главаВицФото