Во пресрет на шумовите

11.06.2018 18:57

Ноќта е црна постава на денот
што се превртува
како маскарада

Таа е темната утроба на гласот
што низ сите ѕвезди
везе молчење

Најмногу ги сака постелите кревки
сред шумниот мирис
на боровите

Интимна е тогаш и гола како страст
што низ смеа мами
вечна тишина

Па ако тлее нешто живо во неа
ќе пеам што мртво
не е уште сè

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото