1033 hPa
70 %
7 °C
Скопје - Пет, 08.11.2024 09:09
Неодамна се отвори дебатата дали на сликата е прикажана глава од алабастер на фараонот Пластиканистер Трети или неговиот татко Туткантатон Втори. Трети сметаат дека тоа е Апофенис.
Дали е ова археологија на секојдневието, на перцепцијата, или се работи за навлегување во простори „надвор од умот“? Шегата на страна, станува збор за многу интересен перцепциски феномен.
Апофенија (од старогрчкиот apophenia; apo (ἀπό) што значи „одвоено“ и зборот phren (φρήν) што значи „ум“, или phainein (φαίνω) што значи „се појавува“) е феномен дефиниран како перцепција на форми, структури, обрасци и шеми во случајните податоци или елементи, односно пронаоѓање значења кои не постојат.
Најпознати примери се случаите кога луѓето гледаат ликови или фигури во облаците, на површината на земјата и сл.
Иако апофенијата веројатно постои од почетоците на човештвото, како термин е воведен во 1958 година од германскиот невролог и психијатар Клаус Конрад (Klaus Conrad) во неговата публикација за почетните стадиуми на шизофренијата. Феноменот се однесува на „извлекување релации и заклучоци од извори без директна врска, освен нивната неодвоива перцептивна симултаност", како што вели и американскиот теоретичар Бенџамин Братон (Benjamin Bratton).
Апофенијата е присутна е во уметничкото творештво како метод, но и како феномен кој е предмет на интерес, а понекогаш и научниците во нивните анализи потпаѓаат под привлечната апофениска моќ.
Апофенис, само пластичен канистер или, пак, и двете?
Фотографија: Лери Карлсон (Larry Carlson)