Шпанскиот премиер ѝ објави војна на Црквата: одби да ја стави раката на Библијата и крстот!

12.06.2018 01:02
Шпанскиот премиер ѝ објави војна на Црквата: одби да ја стави раката на Библијата и крстот, најави и раскинување на договорот со Ватикан!

Католичката црква во Шпанија, една од најмноќните во Стара Европа (90 проценти од вкупното население), повторно ќе има проблеми со премиер социјалист, а тоа е очигледно после изборот на Педро Санчез, претседателот на Социјалистичката работничка партија, кој уште при давањето заклетва даде до знаење што мисли за католичката традиција на својата земја: одби да ја стави раката на Библијата и крстот, што е првпат во историјата на парламентарната демократија.

Санчез на местото премиер го наследи Маријано Рахој, шефот на Конзервативната народна партија кого го срушија аферите за користење на тајните фондови на неговата партија, а уште во предизборната кампања им најави војна на правата на Католичката црква. Вети раскинување на конкордатот на Шпанија и Светата Столица потпишана 1979 година, исфрлање на веронауката од јавните училишта, укинување на државните донации за католичките училишта и укинување какво било финансирање на католичките установи со пари од буџетот.

Нема веќе донации

-Шпанија мора да биде конституирана како лаичка држава, а секуларната држава мора да биде обезбедена со јакнење на секуларното образование – рече Санчез, но кардиналот Рикардо Блазкез, претседател на Шпанската бискупска конференција и надбискуп на Ваљадолид, во честитката до Санчез со помирлив тон го повика да им служи на „општото добро, единството, напредокот и општествената кохезија на државата“, што „во превод“ би симболизирало повик да не ги разединува шпанските граѓани за верските прашања.

Католичката црква во Шпанија имаше јавни конфронтации и со претходниот социјалистички премиер Хорхе Луис Запатер, првпат избран 2004 година, извршуваше двоен мандат и уште тогаш почнаа конфликтите: најпрвин се отстрануваа крстовите од училиштата, беа озаконети истополовите бракови и им беше овозможено да посвојуваат деца и беше ублажен законот за абортус.

Во Шпанија абортусот е легализиран 1985 година, а владата на Запатер овозможуваше абортус во првите 14 недели од бременоста, дури и на малолетници со согласност од само еден родител. Со конкордатот со Светата Столица од 1979 беше укинато директното финансирање на клерот од државниот буџет и беше воведен црковен данок, па граѓаните можат да изберат дали 0,7 проценти од својот данок на приход ќе ѝ го дадат на Католичката црква или на државата за социјални програми.

Поддршка од верниците

Црквата тогаш се обврза дека нема финансиски да се потпира на државата, туку самата ќе обезбеди средства преку донации, економски активности и црковен данок. Најмногу пари, околу 4,5 милијарди евра издвојува шпанската влада за католичките образовни установи, 2 620 училишта и 14 универзитети и за плати на вероучителите. За Каритас и Манос Унидас околу 1,8 милијарди евра, а даночните олеснувања се однесуваат на изземањето од даноците на донациите, обновата на сакралните градбии сакралното културно наследство, платите на воените и болничките капелани.

Во извештајот за 2012 година се наведува дека Црквата најмногу се финансира од донации на верниците (38 проценти), од црковен данок (25 проценти) и приходи од имот и останати економски активности (19 проценти), а парите од државата за образовните и хуманитарните црковни институции не се појавуваат во извештаите. Таа година црквата од даноци собрала 248 милиони евра, а најголемиот дел од таа сума, дури 80 проценти, потрошила на финансирање патните трошоци и трошоците за репрезентација на жупите и бискупиите.

Извор: https://www.slobodnadalmacija.hr