ПичПрич бара раскажувачки!

12.06.2018 12:04
 ПичПрич бара раскажувачки!

Организаторките на ПичПрич објавија повик за пријавување на раскажувачки на слемот што ќе се одржи на 21 јуни во МСУ.

„Драги раскажувачки, драги љубителки и љубители на ПичПрич,

Дали сте ги слушале приказните на ПичПрич и сте си помислиле дека и вие имате фантастична приказна што би сакале да ја споделите?

Тогаш сте печени за ПичПрич слемот што ќе се одржи на 21.06 во Музејот на современа уметност.

Ќе имате шанса да раскажете приказна во времетраење од 10 минути на која било од темите што досега биле дадени:

– Првиот пат кога...
– Љубовници
– Морав да лажам
– Кога си бев малечка
– Добив
– Срамота

Сè што треба да направите е да се пријавите на мејлот peachpreachpeach@gmail.com или во порака на нашиот Фејсбук профил ПичПрич најдоцна до понеделник, 18.06. Раскажувачките места се ограничени – па побрзајте!

За разлика од другите ПичПричови, овој слем ќе биде интимен и нема да биде сниман. Целта ни е да се опуштиме, да се отсрамиме и да уживаме во нашите приказни“, се вели во повикот за слем изданието на ПичПрич

 

ОкоБоли главаВицФото