Глас

12.06.2018 17:35

Изгубен во мрачната бездна се јазам по своите зборови
врз глава што ми се урнуваат како одронети карпи
Не свети ништо во сонот не зрачи ништо во пределот
со грди и тешки плешки од камења и смола

Но да се искачиш по својот глас не е умеење на птица
ни бунтување на ветерот во неветуваната мугра
и одново карпи и корење глуви тупаници ме јадат
но да се искачиш и повторно цели ридје се трупаат
врз еден глас врз еден глас врз еден глас

И кој ќе го запре тој светкав глас таа вода
тој крик тој лик таа искра таа мисла таа фиданка
затрупана длабоко под себеси го пронаоѓа
и својот чемерен извор и своето ведро устие

И така тој глас затрупуван од себеси од времето
се јази со векови со зборови со закани
за да се слушне себеси во широкиот простор

Се слушне ли престанува да постои
тоа е веќе човек тоа е веќе човек.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото