Неверојатни скулптури од гума за џвакање

13.06.2018 02:52
Неверојатни скулптури од гума за џвакање

Прво што го прашуваат Маурицио Савини за неговите дела е она прашање што го мрази: дали самиот ја џвака секоја гума за џвакање што ја користи за да ги направи своите скулптури? Тој вели дека ова прашање многу му досадно и на сите заинтересирани им одговара: не - тој не ги џвака гумите. Има двајца асистенти кои ги растопуваат долгите, розови, лепливи стапчиња и ги претвораат во слоеви на употреблив материјал.

Савини го започнува својот долг процес со поставување на гумите за џвакање околу гипсени калапи кои на неговите скулптури им даваат стабилност и облик.

Работејќи со гума за џвакање повеќе од една деценија, тој создаде неверојатни дела. Скулптурата „Ла Лупа", фигурата на волчица, симболот на неговиот роден град, Рим, е направена од 14 килограми мастика. Тој прави животни кои носат различни знамиња, деловни мажи што држат перници, лустери и женски чевли и други предмети и ликови. Неговите дела често носат некоја социјална или политичка порака.

Тој вели дека гумата за џвакање има единствен културен контекст. Таа е поврзана со историјата на уметноста, индустријата и светската историја и за него претставува симбол. Тој вели дека откако била увезена во Европа по Втората светска војна, гумата за џвакање (заедно со кока-колата и најлон чорапите) станала симбол на нова ера.

Кога Савини почнал да прави скулптури од мастики, неколку парчиња сосема се распаднале. Сега ја комбинира гумата за џвакање со формалдехид и антибиотици за да ја сочува формата, која со време шеќерот би ја уништил.

 

Извор: beautiful decay

ОкоБоли главаВицФото