Куршум

14.06.2018 13:49

Тој куршум толку долго подготвуван
од парче тешка руда
до зрно луто
во некоја страна
на некое место
тој куршум тој стрвник
таа темна порака на смртта
тој што секоја буква од името ми учи
во предците ми копа
по сенката ми душка
тој куршум што по космосот ме лови
во сонот што ми нурка
во стравот што ми буричка
без зошто без прашање без извинување
зрно занесено само во патека своја
во целта
од оганот на цевката
до треската на черепот
тој куршум од незнајна рака
од невидено око
од непочувствуван здив
што сака да ми го одземе здивот
под чело засолнет кога ќе ме пронајде
повеќе нема да убива

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото