Хелсиншки го осуди говорот на омраза и повикот на насилство на протестот пред Собранието

14.06.2018 14:51
Хелсиншки го осуди говорот на омраза и повикот на насилство на протестот

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го осуди говорот на омраза на вчерашниот протест пред Собранието по повод веста за решението на спорот со името.

„Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија недвосмислено ги поддржува граѓаните во практикување на нивното право на протест и слободно искажување на нивните ставови и мислења.

На вчерашниот протест пред Собранието на Република Македонија по повод веста за решението на спорот со името помеѓу Р. Македонија и Р. Грција, беше регистриран говор на омраза и повикувања на насилство од страна на учесниците на протестот. Во тој контекст, Хелсиншкиот комитет упатува најстрога осуда за говорот на омраза присутен на вчерашниот собир, особено имајќи ги предвид случувањата на 27ми април 2017 година, како и говорот на омраза што му претходеше на насилството во Собранието.

Апелираме до сите граѓани да се воздржат од употреба на говор на омраза, навредливи и провокативни пораки кон различните етнички заедници и националности. Со цел сузбивање на говорот на омраза и разните облици на повикување на насилство и нетолеранција, бараме од надлежните институции да постапуваат по ваквите инциденти и да санкционираат секој вид на говор на омраза“, стои во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

 

 

ОкоБоли главаВицФото