Визија од деветнаесеттиот век за 2000 година

14.06.2018 17:44
Визија од деветнаесеттиот век за 2000 година

Серија футуристички илустрации на Жан-Марк Коте (Jean-Marc Côté) и други уметници објавени во Франција во 1899, 1900, 1901 и 1910 година. Првично во облик на хартиени картички затворени во кутии за цигари/пури и подоцна, како разгледници, сликите го прикажуваат светот како што бил замислен дека ќе биде во тогаш далечната 2000 година. Како што често се случувало, нивните предвидувања се покажаа промашени, не успевајќи да одат доволно далеку во размислување надвор од границите на нивното тогашно технолошко милје (оттука и сеприсутноста на пропелери, а уште повеќе карактеристичниот костим од 19 век).

Постојат најмалку 87 картички, кои биле изработени од разни француски уметници, од кои првата серија била произведена во 1900 година за Светската изложба во Париз. Поради финансиски потешкотии, картичките на Жан-Марк Коте никогаш не биле дистрибуирани и излегле на виделина многу години подоцна, откако авторот на научна фантастика Исак Асимов случајно налетал на еден сет и ги објавил во 1986 со придружен коментар, во книгата „Идни дни: Визија од деветнаесеттиот век за годината 2000“ (Futuredays: A Nineteenth Century Vision of the Year 2000).



Аеро-такси станица

Рурален поштар

Современ бербер

Нуркачи на седло

Електрично четкање

Ловење гуски

Авијациска полиција

Напредна извидница во хеликоптер

Интензивна репродукција 

Мали ограбувачи на орелски гнезда

Увежбан оркестар

Куќа која се движни низ внтарешноста

На училиште

Госпоѓа во нејзиниот тоалет

Борбени возила

Авион со торпеда

Извор: The Public Domain Review
 

Слични содржини

Општество / Живот / Историја
Општество / Живот / Историја
Општество / Живот / Историја
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото