1003 hPa
76 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:59
Во Мобилна/монтажна галерија на 21 јуни, во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Вежбање јавност во простор во време на исечени дрва“ на Зоран Шекеров и Анастасија Пандиловска.
Се присетувам како седев на скалите во близина на реката гледајќи во едно дрво
Издишувајќи, зелената боја го прочистува воздухот кој еден човек го дише
“Вежбање јавност во простор во време на исечени дрва” e yметничко-истражувачки проект кој го поставува прашањето за присутноста на агресијa во јавниот простор. Oдносно, доколку агресијата е однесување кое е карактеризирано како контакт и комуникација со други луѓе со примена на сила, aвторите преку нивните практики, го вежбаат својот пристап и воспоставувајки дијалог помеѓу нив разгледуваат што би значело агресија во јавен простор и на кој начин таа влијае во формирањето и одржување на јавност во просторот.
Поаѓајки од различните пристапи во нивните практики, Зоран Шекеров, уметник-фотограф кој има документаристички пристап кон медиумот и Анастасија Пандиловска, уметница-истражувач која во својата пракса се фокусира на создавањето на просторот како синтеза помеѓу менталното - кое се однесува на давање, задржување и потврдување на значењето и физичкото што е врзано за нашите сетила кои ни помагаат да го доживееме просторот, тие, го истражуваат социо-политичкиот и културолошки контекст во кој таа агресија е создадена. Играјќи со естетските елементи во кои тие ја пронаоѓаат агресивноста градат нелинеарен наратив преку кој откриваат и реагираат на сцени од нашите секојдневија.
За уметниците
Зоран Шекеров (1992, Скопје) Апсолвент е на катедрата по фотографија при Универзитетот за Аудио и визуелни уметности Есра Скопје. Досега има две самостојни изложби “Глорија и Глорија” (2017, Скопје) во Национална Галерија Мала Станица и “Титоизам: Помеѓу Носталгија и Желба” (2018, Чикаго) во АРК Галерија. Учевствувал на неколку групни изложби во и надвор од Македонија меѓу кои: “Урбенити” (2012-2013 Германија, Србија и Македонија), “Трамвај” (2014, Хрватска), “Фотографи(и) Чкрап (2015, Македонија), “Европа тука – Европа таму 1914 – 2014” (Франција) и “Совршениот уметник” (2017, Македонија).
Анастасија Пандиловска (Скопје, 1991) Во моментов живее и работи во Амстердам, Холандија каде во 2015 година дипломираше на Gerrit Rietveld Academie. Паралелно со нејзините студии, Пандиловска беше дел од Honours programme ART and RESEARCH. Во 2018 Пандиловска започна истражување со Lectorate Art & Public Space (LAPS) . Има учествувано на повеќе изложби меѓy кои: Биенале на млади уметници (2018, Македонија) “ A Decorated Room with Invaded Ideas” Фаза I, II и III 2017/2018 (Софија, Скопје, Виена) “Poetics of Space” (2018, Холандија) “Совршениот Уметник” ( 2017, Македонија), “Time, Space and Architecture” (2017,Холандија), “Space Invaders IV” ( 2016, Финска), “Girls own the Void” (2016, Холандија), “ Mémoires d’images récurrentes” за време на the Art on Paper - EECMAN награда за современ цртеж (2016, Белгија) “Biocentric readings” (2016, Холандија). Истовремено, нејзините дела се презентирани на симпозиумот Emptiness and the Infinite Space #nr01 (2017,Холандија) организиран од Filosofie Oost-West и Фестивалот за филозофија Wijsgerig Festival DRIFT (2016, Холандија).