Четириножно

18.06.2018 01:49

Речи дека е бело - и црното и белото.
Паси со ред - и какол и пелин.
Бело - одвнатре и однадвор
На стежнатото бовче - твоето тело.

Речи дека е бело:
Она што се готви горе,
Она што крчка долу.
Сеедно и казанот
Како сопствената чинија ќе го излижеш.

Речи дека е бело:
И кога страчка страчи,
И кога гавранот ќе слета на покривот.
Рајот и пеколот, и сè што е земно.
Колективната цицка, колективното јајце.

Вели - бело,
Тргни по џганот и стадото
Пеејќи песнички од читанките.
Намали го уделот на личното,
Ќе ти биде полесно кога ќе издишуваш.

Биди подготвен - вели дека е бело:
И дење и ноќе, на Господа и на Пилат
И на овдешниот брат.

Секогаш сит, секогаш во ерекција,
Следбенику на новата религија

Оди на сите четири.

Превод: Бранко Цветковски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото