Бессона година

18.06.2018 17:33
Бессона година

Тајванскиот уметник Дученг Шеј зборува за своите неверојатни уметнички подвизи и за неговото сфаќање на времето и животот. 

Уметникот Дученг Шеј (Tehching Hsieh) е роден во Тајван во 1950 година, но во раните 1970-ти се преселил во Њујорк, каде што упорно создавал уметност до 2000 година кога конечно и потврдува дека помеѓу уметноста и животот постои знак равенство.

Неговото творештво е карактеристично по тоа што посветува долги и прецизно одредени временски периоди на неговите репетитивни проекти кои целосно го преокупираат и обземаат. Сериозно посветен на испитувањето на односот на минувањето на времето и повторувачките активности кои го сочинуваат животот, тој поминал една година заклучен во мала просторија и тринаесет години создавајќи уметност што никој друг не ја видел.

За ова дело, насловено „Едногодишен перформанс“ (One Year Performance, 1980-81), Шеј во текот на една цела година, секој час ја отчукувал картичката на временски часовник и притоа се фотографирал, создавајќи фасцинантна колекција која зборува за нејасната граница меѓу репетитивноста и неповторливоста.

Погледнете го видеото во кое тој зборува за своето искуство и за неговото сфаќање за односот помеѓу уметноста, времето и животот.

 

Извор: NOWNESS

 

ОкоБоли главаВицФото