Новата муза

19.06.2018 13:33

Со панделка и со кратки чорапи,
Облеана со солзи и со бакнежи
Беше,
Пред да ти ги откријат
Бутовите и жартиерите.

Ниту мадона, ниту куртизана,
Девственица,
Штотуку зачекорана во животот
Од гоблените и вињетите.

Сега како мува-брмчалка се меткаш
По конференциските сали,
По бироата за невработени,
По новите пазари и кланици.

Зад резето наместо зад балдахин
Се тресеш.

Се влечкаш по предградијата,
Спиеш по преноќишта
Кои смрдат на краткотрајни милувања
На секс неизвалкан од љубов.

Наместо да мечтаеш
Пламната од морници и сништа,
Наместо со копитото да удираш од потсвеста.

Ги шириш висечките градини на мажјаците,
Ги шириш нозете како ластовичини крилја
Пред оној што шмрка и римува во ноќниот разговор.

Твоето тело - багаж од наслади, истрошени
Од високодостојни рими
И од глумење оргазми.

Наместо како свеќа-даровница
Да те носат по мрачните улици
И низ безгрешната уста одново да раѓаш,

Ти, залудно ја даваш својата презреаност.

Превод: Бранко Цветковски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото