Ако можел мамурниот Кит Ричардс, можете и вие: Ослободете го внатрешниот гениј

20.06.2018 00:35
Ако можел мамурниот Кит Ричардс, можете и вие: Ослободете го внатрешниот гениј

Дали некогаш сте се прашале како се појавуваат генијалните идеи и големите подеми во човековото размислување? Оливија Фокс Кобан и Џуда Полак тврдат дека секој може да научи да култивира големи идеи. Во книгата „Мрежа и пеперутка: Уметноста на иновативното размислување“, тие со помош на анегдоти за раѓањето на големите идеи и практични предлози за зголемување на когнитивните способности се обидуваат да нè научат да влеземе во состојби на умот во кои се случува генијалноста.

Мамурниот и дехидриран Кит Ричардс, едно спарно, топло утро, некаде во 1965-тата година се буди во мотел, Стоунси тогаш уште немале толку пари за да си дозволат да платат хотел. Покрај себе ја нашол гитарата и снимачот на звук. Грогиран, ја премотува лентата и стиска „плеј“.

Од еден час снимен материјал, 59 минути биле неговото ‘рчење, но во првите 30 секунди бил снимен воведниот риф и првите стихови на вонременскиот хит „Satisfaction". Ричардсон во тој момент не се ни сеќавал дека го вклучил снимачот.

Верувале или не, овој модел на однесување е сличен со оној на Ајнштајн кога ја открил теоријата на релативитетот. Како што пишува списанието „Fortune“, истиот модел и вие сте го доѓивеале ако некогаш сте решиле некој проблем додека сте се туширале.

Кога ќе влезете под туш, вашиот мозок незабележливо го менува режимот на функционирање. Претходно свесно сте биле концентрирани на проблемот, но под тушот, вашиот мозок веројатно почнува бесцелно да скита, речиси „не размислува за ништо“, додека топлата вода ве опушта. Невронаучниците неодамна откриле дека тајната на револуционерните идеи лежи токму во таа способност на мозокот да ги менува тие два режими – фокусираниот и скитачкиот.

Со фокусираниот режим веќе сте запознаени, штотуку го користите читајќи го текстов. Можете да размислувате за него како за „извршен режим“: тоа е режим што ги завршува задачите. Ориентиран е на цели и рокови, тој е многу добар за правење списоци и почитување распореди и буџети. Делот од мозокот задолжен за овој режим се нарекува извршна мрежа ИМ.

Извршната мрежа е групација на повеќе делови на мозокот во близина на предниот дел од черепот. Мошне сме извежбани да го користиме тој дел од мозокот – целокупното школување е тренинг за тоа. Со помош на ИМ вие (се надеваме) сте функционален, одговорен и продуктивен член на општеството.

Но, ИМ не може сама да придонесе и за изнаоѓање иновативни и револуционерни решенија. Потребна ѝ е помош од скитачката мрежа, онаа што придонесува за моментите по туш. Тоа е креативната мрежа, „по дифолт“, ДМ. Та е како некој собир на генијалци внатре во нашиот мозок. Генијалците разговараат, разменуваат идеи,полупромислени теории и диви шпекулации.

ДМ е изворот на нашата креативност, на сите наши пронајдоци, на сè што е генијално – а за тоа нема добиено ни приближно доволно признание. Што постигнала ДМ во текот на човековата историја? Подобо да се праша – во кое големо откритие не учествувала? Ако ИМ ни овозможува да се фокусираме и да постигнеме тоа што сме испланирале, ДМ ни овозможува да гледаме отаде комплексноста на светот и да ги дознаеме моделите што се во неговата основа.

Креативната мрежа е клучна компонента на нашиот мозок: истражувањата покажале дека тој дел на мозокот е животно важен исто колку и срцето или бубрезите. Толку е важна што би можеле да напишеме цела книга само за неа и да кажеме: „Еве ја! Еве како функционира, еве како може да ѝ пристапите, а еве како може да ја вклучите на турбо“. Сепак, тоа не е доволно. ДМ не може самата да ги донесе револуционерните идеи.

Способноста да се префрла од еден на друг режим на работа на мозокот е она што му овозможилео на Кит Ричардс да ја изнедри песната „Satisfaction“ и на Алберт Ајнштајн да ја открие специјалната теорија на релативитет. Всушност, тоа е она ги овозможило повеќето откритија во текот на човечката историја.

А како може да му пристапите на вашиот режин за генијалци? Еден од начините е да дремнете малку.

Адам Чејер, еден од инжинерите на Сири, виртуелната асистентка на „Apple“, бил соочен со херкуловски подвиг. За среќа Чејер имал тајно оружје: подготвен режим на генијалците.

Чејер добро знае дека нема да успее ако секој од безбројните проблеми кои се јавувале додека ја дизајнирал Сири ги решава „пешки“. „Јас спијам со проблемите со кои се борам“. Тој ја открил револуционерната моќ хипнагошките и хипнопомпичните состојби – периоди на полусон пред да се разбудите или сосема потонете во сонот. Тоа се мигови во кои нашиот режим на генијалците е во пета брзина.

„Легнувам во кревет околу 11 и низ главата го вртам проблемот“, вели Чејер. „Вртењето низ глава“ значи фокусирање на ИМ за да намерно и свесно им го обрне вниманието кон проблемот на својот совет на генијалци. Тогаш се потпира на нив, бидејќи тие прават нови асоцијации и наоѓаат решенија додека тој спие. Кога ќе стане, ја користи ИМ за да го собере она до кое дошла ДМ.

Хипнагошките и хипнопомпичните состојби ја инхибираат работата на фронталните залистоци во кои е ситуирана ИМ. Сепак, како и секој што е склон на гледање во празно знам: самото едноставно паузирање нема да доведе до инспирација. За да ја подгрееме инспирацијата, мора да правиме работи кои дозволуваат мислите да ни скитаат.

Тим научници од Универзитетот Калифорнија во своето истражување на испитаниците им дале задача да измислат невообичаени начини за употреба на предметите („Што сè може да се направи со закачалка?“). Потоа им дале пауза од 12 минути. Едната група само одморала. Другата група правела банална задача, а третата група воопшто не паузирала.

Втората група имала 41 отсто подобри резултати, а останатите не покажале никакво подобрување. Интересно е што на извршната мрежа мора да ѝ се даде цел и задача за да функционира оваа техника.

„Што е најдобрата банална работа што може да ја правиме?“, често нè прашуваат клиентите. Кога би морале да избереме една, тоа би била прошетката. Дури и истражувањата во кои испитаниците оделе на подвижна лента во затворен простор покажале добри резултати.

Чарлс Дарвин имал своја патека од четврт милја која ја сметал толку важна што тежината на проблемот ја мерел според тоа колку кругови шетање му биле потребни за да го реши. Дикенс шетал три часа дневно, секое попладне, а тоа што го забележувал на тие прошетки, го ставал директно на хартија.

На Чајковски му биле доволни два часа прошетка. Бил многу строг и не се враќал ни минута порано зашто бил убеден дека во спротивно ќе се разболи. Бетован уживал во долги прошетки по ручекот, носејќи хартија и молив во случај да го му дојде инспирација.

Познат е цитатот од Кјеркегор: „Ушетав во своите најдобри мисли“. Често го гледале како трча до масата за да продолжи со пишувањето, а шеширот и стапот сè уште ги држел во раката.

Подобро е да се шета по мирни и тивки места на кои не мора да внимавате на автомобилите, семафорите итн. На некој повеќе му годи бесцелно да шета, додека друг сака да шета некаде конкретно.

Се разбира, не е доволно само да шетате. Потребно е јасно да се дефинира проблемот што сакате да го решите, да го вербализирате и да поставите цел. Корисно е да се има и бележник и диктафон. Држете нешто во рака, паричка, камче, фигура од „Star wars“ – што било. Дланките до мозокот испраќаат огромно количество информации и држењето на тие канали отворени го држи мозокот во асоцијативна состојба.

Исто така, важно е да се има предвид дека револуционерните идеи речиси никогаш не се извлечени од вакуум. „Креативноста не е ништо друго, освен поврзување на работите“, кажал Стив Џобс. „Кога ќе ги прашате креативните луѓе како направиле нешто, тие како да се чувствуваат малку виновни бидејќи ништо не направиле, туку само нешто увиделе...Тоа е зашто успеале да ги поврзат искуствата и така да синтетизираат нови работи...“

Извор: Novosti

Слични содржини

Графички Дизајн / Книжевност / Психологија / Стрип
Општество / Психологија
Книжевност / Психологија / Живот
Психологија / Живот
Психологија / Наука / Теорија

ОкоБоли главаВицФото