ПичПрич Слем

20.06.2018 18:17
ПичПрич Слем

Во четврток, 21 јуни, со почеток од 19.30 часот ќе се одржи првиот ПичПрич слемво организација на ПичПрич и ЛГБТИ Центар за поддршка (LGBTI Support Center).

Во топла и опуштена атмосфера, на зајдисонце, во дворчето на МСУ повеќе пријавени раскажувачки ќе раскажуваат приказни на која било од зададените теми на претходните ПичПричови, по што ќе следи DJ сет на Јана Тодоровска.

Темите на кои ќе се збрува се:
– Првиот пат кога...
– Љубовници
– Морав да лажам
– Кога си бев малечка
– Добив
– Срамота

Организаторите откриваат дека меѓу раскажувачките што ќе настапат на утрешниот слем ќе бидат Марија Зафирова, Благица Ризоска, Афродита Николова, Ивана Павлаковиќ, Бојана Стојменовиќ, Благица Петрова, Сандра Томовска, Драгица Здравевска, Калиа Димитрова и Ивана Харикли кои се одважија да ги споделат своите приказни со публиката.


*ПичПрич слемот е поддржан од шведската фондација Жена за жена (The Kvinna till Kvinna Foundation).

Организаторите изразуваат огромна благодарност до Музеј на современтата уметност - Скопје.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото