Среќен Швитерсден!

20.06.2018 19:30
Среќен Швитерсден!

На денешен ден пред 131 година во Хановер е роден германскиот уметник Курт Швитерс (Kurt Schwitters, 1887-1948), еден од најзначајните претставници на Дадаизмот.

Иако е најпознат по неговите колажи наречени „Мерц слики“ (Merzbild) Швитерс работел во повеќе жанрови и медиуми и создавал слики, конструкции, поезија, звучни дела и она што подоцна ќе биде познато како умтничка инсталација.

Урсонатата или Соната за примитивни звуци“ (Ursonate oder Sonate in Urlauten) е звучно дело кое Швитерс го развивал помеѓу 1923 и 1932 година во различни верзии. Поемата настанала под влијание на поемата „fmsbw“ на Раул Хаусман чија изведба Швитерс ја слушнал во 1921 година во Прага.


„Урсонатата“ на Швитерс се смета за важен и влијателен „класик“ од почетокот на 20 век, и едно од најпознатите дела на Дадаизмот. Истовремено звучна поема и нотен запис. Како што сугерира самото име, делото е сериозно разигран гест кој присвојува музичка форма, класичната соната, но наместо музички ноти,исполенат е со ур-вокализации измислени од Швитерс. Ова дело е со цел да го врати слушателот на попримална форма на комуникација, до корените на самиот јазик, преку повторно поврзување на читањето, поезијата и музиката со нивното потекло во отпеаниот и изговорен звук.

Овој фрагмент на Урсонатата, во изведба на самиот Курт Швитерс, бил снимен на 5 мај 1932 година во Франкфурт од страна на станицата Süddeutschen Rundfunk.

  

Слични содржини

Уметност / Око / Историја
Книжевност / Култура / Уметност / Историја
Книжевност / Култура / Уметност / Историја
Книжевност / Култура / Уметност / Историја
Книжевност / Култура / Уметност / Историја

ОкоБоли главаВицФото