Кој оди на работа со велосипед ќе добие пари за секој километар

21.06.2018 00:23
Кој оди на работа со велосипед ќе добие пари за секој километар

Холандското Министерство за инфраструктура предложи паричен надоместок за велосипедистите кои патуваат со велосипед на работното место.

„Да излеземе од автомобилите и да ги земеме велосипедите. Целта ни е да придобиеме уште 200 000 луѓе кои со велосипеди ќе поминат три милијарди километри повеќе“, рече Стиентје ван Велдховен, од ресорното министерство.

Според предлогот секој граѓанин кој оди на работа со велосипед би можел да добие 19 центи за еден километар.

Тамошната влада планира и субвенции за купување велосипеди, но и дополнителни 100 милиони евра за зголемување на бројот велосипедски патеки.

Извор: http://www.globalcir.com