Република Молосија

21.06.2018 18:15
Република Молосија

55-годишниот Кевин Бо (Kevin Baugh) е основач и претседател на Република Молосија (Republic of Molossia, 9/3/99 - денес), самопрогласена микро-држава во САД, на територија од 6,3 акри (или 2,5 хектари), веднаш до неговиот дом во Дејтон, Невада. Некогаш позната како Голема Република Вулдштајн (The Grand Republic of Vuldstein), Молосија е основана во 1977 година како тинејџерски проект на Бо и неговиот близок пријател Џејмс Шпилман.

Официјални јазици се англиски и есперанто, а има своја пошта, своја банка и валута - врз основа на тесто за колачиња - но и покрај тоа, како земја, не е признаена од страна на Обединетите нации или други влади.

 

Извор: 60 Second Docs

Слични содржини

Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Фотографија / Свет / Живот / Око
Свет / Технологија / Уметност / Око
Графички Дизајн / Свет / Уметност / Око
Фотографија / Свет / Живот / Око
Свет / Екологија / Око

ОкоБоли главаВицФото