
„Уметноста мора да ја брани неизвесноста“ - Вилијам Кентриџ
Вилијам Кентриџ (William Kentridge / 1955) е јужноафрикански уметник најпознат по своите графики, цртежи и анимирани филмови, кои обично се развиваат од цртежи и скици изведени со јаглен.
Студиото на Вилијам Кентриџ во Јоханесбург е „витален физички и психички простор“ каде што ги замислува и развива своите амбициозни проекти и уметнички дела.
Во овој краток филм тој зборува за тоа колку е флексибилно цртањето со јаглен и како можете да ја промените композицијата „онолку брзо колку што се премислувте“. Тој ги отвора вратите од неговото студио каде што идеите кои произлегле од цртежи стануваат анимации, перформанси и инсталации.
Извор: TateShots