По 30 години, скриен мурал на Кит Херинг е откриен во Амстердам

23.06.2018 12:51
По 30 години, скриен мурал на Кит Херинг е откриен во Амстердам

Поради чудна игра на судбината, Амстердам сега е градот со најголем мурал во јавен простор од Кит Херинг (Keith Harring, 1958-1990) во Европа! Делото/ѕидот беше откриен денеска за време на прес-конференцијата во историскиот Markt Kwartier (пазар за храна), со графити легендата, Ајлин Мидел ака Мик Ла Рок (Aileen Middel aka Mick La Rock), во присуство на директорот на Музејот Стеделајк (Градскиот музеј во Амстердам), Јан Вилем Сибург и Оливер Варосио од галеријата Врум и Варосио (Vroom & Varossieau gallery). На прославата на повторното откривање на ова монументално дело присуствуваше и Јулија Груен (Julia Gruen), директорка на фондацијата Кит Херинг од Њујорк.

Приказната започнала во 1982 година, кога Кит Херинг ја имал својата европска деби изложба во Ротердам, што било увертира на неговото прво музејско соло што се одржало во пролетта 1986 година во Музејот Стеделајк во Амстердам. Освен големата колоритна слика на велум, која е повторно изложена во Стеделајк од 2017 година, едно од главните дела создадени од легендарниот уметник е муралот на отворено со димензии од 12м х 15м. Како подарок за градот, уметникот го насликал муралот во работничка населба, на фасадата на она што во тоа време било депото за складирање на уметнички дела на Музејот Стеделајк.

Работејќи на делото со слободна рака во текот на два дена, создал голем цртеж со препознатлив човечки лик, што наликува малку на морско чудовиште, хибрид помеѓу делфин и коњ (најверојатно инспириран од делата на скулпторот Хан Редекер). Само неколку години подоцна, прекривни алуминиумски плочи беа поставени над него заради климатска контрола во внатрешноста на објектот и оттогаш муралот не е виден. Замрзнат во времето и просторот, муралот конечно повторно се појави по неколку години лобирање. Муралот дефинитивно и заслужено ќе стане атракција во Амстердам.


Извор: juxtapoz.com

 

ОкоБоли главаВицФото