Вообразба

25.06.2018 10:24

Таму таму лежи ‒
Зад гребенот воздушен
Зад завесата дождовна
Зад видикот мртов ‒

Единственото суштество
Кое ми е слично
Кое ме чека
Кое ме довикува

Од масивот воздушен
Низ завесата дождовна
Низ видикот приумрен
Кое ме довикува

Жива кукла една
Створ со очи округли
Со румени уснички
Со косата разлеана низ земјата

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото