Учествуваме, застапуваме менуваме: јавен настан на ЈАДРО во Битола

25.06.2018 12:13
Учествуваме, застапуваме менуваме: јавен настан на ЈАДРО во Битола

Во рамки на проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модeл на институција на јавно-цивилно партнерство“, ЈАДРО - Асоцијација на независната културна сцена го организираат вториот од низата предвидени јавни настани, кој ќе се одржи во рамки на фестивалот „Битола отворен град“ a во организација на Младинскиот културен центар - Битола (МКЦ - Битола), членка на ЈАДРО, на 26-ти јуни (вторник), 2018 година.

Во септември 2017 година, после три години интензивна работа се регистрира првата хибридна институција на цивилно-јавно партнерство во земјава меѓу ЈАДРО и Општина Центар од Скопје наречена Културно-социјален простор „Центар-Јадро“. Намерата на проектот „УЧЕСТВУВАМЕ, ЗАСТАПУВАМЕ, МЕНУВАМЕ“ е да ги претстави процесите на застапување во рамки на овој пионерски модел инициран во Скопје, преку серија на јавни презентации, работилници, културни интервенции и дебати, и истовремено во соработка со 5 партнерски организации (МКЦ-Битола, Стрип центар на Македонија-Велес, Љоја-Тетово, Медиа Артес-Охрид и ИНКА-Струга) да отпочне процес за развивање на модели со свои локални специфики за формирање на културно–општествени центри во Битола, Велес, Тетово, Охрид и Струга. На тој начин проектот ќе овозможи зацврстување на позицијата на граѓанските организации во културата и поширокиот граѓански сектор на локално ниво и ќе придонесува кон процесите за демократизација и демонополизација на јавната сфера.

Со намера да се вклучат што повеќе актери од локалните независни сцени, проектот предвидува и еднодневни настани во Тетово, Битола, Велес, Охрид и Струга.

Програма на настанот во Битола во рамките на фестивалот „Битола оворен град 2018“ на 26.06 (вторник):

12:00 – 16:00 часот: Работилница за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институции и јавно-цивилно партнерство. Модератори: Искра Гешоска и Јане Чаловски. Локација: сала за презентации во МКЦ – Битола.
На работилницата добредојдени се сите граѓански организации, формални и неформални групи, уметници и младински работници кои активно работат во Битола и имаат потреба од решавање на прашањето за простори.

Цел на работилницата:
- Утврдување на капацитетите и потребата на независниот културен сектор, младинските организации и иницијативи, и граѓаните за простор земајќи го во предвид социјалниот и културен контекст на градот;
- Мапирање на конкретни потенцијални простори;
- Конкретни планови за преземање на следни чекори во насока на обезбедување на простор преку моделот на цивилно-јавно партнерство.

18:00 – 21:00 часот: Културни интервенции во јавен простор на членките на ЈАДРО. Локација: пред Центар за култура - Битола.

- Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ реализиран од Центарот за современи уметности (ЦАЦ), Скопје; и изложба на стрипови на млади неафирмирани автори со наслов „Во Македонија имало стрип автори“ во организација на Стрип центар на Македонија, Велес.

- Промоција на изданија од едицијата „Лифт“, и едицијата на сликовници „Во пет кај вртелешките!“ од издавачката куќа „Темплум“. Промотори на изданијата ќе бидат Никола Гелевски и Владимир Јанчевски.

- Драмско читање на извадок од текстот „Против демократијата“ на авторот Естев Солер во изведба на Јасмина Билаловиќ од Медиа Артес, Охрид.

- Слем вечер со „Поетри слем Македонија“ во изведба на Елена Пренџова и Игор Трпчески.

- Проекција на филмот „In Danger and Dire Distress the Middle of the Roads Leads to Death” (60 мин.), на германскиот режисер Alexander Kluge, со превод на англиски јазик, а во селекција на Ѓорѓи Пулевски.

Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура на РМ.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото