Дунавски кеј

26.06.2018 00:14

Помеѓу сивите ѕидови, стени
Од сивите ѕидови
Помеѓу опачните огнови, ледот
Од опачните огнови

Јас, претепана градска магла
Јас, слепо око на родот
Јас, нечисто кокошкино легло
Јас, на црниот чешел син

Дојдов овде после големото зло
Да се насмевнам, прекршам
Дојдов овде после големото зло
Реката одново да ја преминам

Две мртви на кејот риби
Мои се нови чевли
Во кои сè низ стазата на доаѓачкиот бран
Одам во мојот град под вода

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото