Дали го читате баркодот?

26.06.2018 11:13
Дали го читате баркодот?

Најдосадниот дел од купувањето, особено купувањето прехранбени намирници е оној пред касата. Ако нема баркодови работата би била уште понапорна. Ако пред 20 години ги имавме денешните трговски центри и ако купувавме колку што купуваме сега, тешко дека ќе ги сочувавме нервите чекајќи и најбрзата касиерка на светот да ги изврши сите потребни функции и во касата да го внесе идентификацискиот број на секој производ што сме го купиле (бројот го прочитала од налепницата и го напишала, па згрешила, па корегирала).

Низата вертикални црни и бели линии со различна ширина, со едноставен назив баркод оваа операција ја сведе на провлекување на производот под читачот. Тој функционира така што црните линии ја апсорбираат светлината додека белите ја рефлектираат, па така на сензорот му се испраќа вклучи/исклучи сигнал. Секој код има двапати по шест бројки.

Првиот број во кодот секогаш е нула, освен кај месото и производите чија тежина варира, како и кај неколку други. Следните пет бројки се кај произведувачот, следните пет се ознака на производот и последната бројка е контролна и таа покажува дали претходните единаесет се добро вчитани. Баркодот се покажа како мошне практичен зашто кодот може да се чита од најразлични агли, дури и ако е делумно искинат.

Како се создаде баркодот? Уште од почетокот на триесеттите години на 20 век, студентот Волис Флинт сфатил дека купувачите за време на посетата на супермаркетот би можеле со картички да ги обележуваат производите што ги избрале, а тоа многу би ја забрзало работата.

Малку подоцна, после Втората светска војна, младиот учител Норман Џозеф Вудленд, се обидел да направи патент кој би помогнал информациите за производите да бидат достапни кога ќе „излегуваат“ од продавницата. Патентот се состои од обележување на производите со мастило кое би се гледало на ултравиолетова светлина. Ова се покажало како скапо и не баш практично заради разлевањето на мастилото, па Вудленд смислил нешто подобро: комбинација на баркод и Морзеов код.

Првиот читач бил со димензија на работна маса, мрачна кутија со мошне силна светилка (прво 150, па 500 вати), па на продавачите не им се допаднала идејата да купуваат и поставуваат голем број такви читачи кои многу загревале и го оштетувале видот. За такво нешто била потребна голема количина светлина прецизно насочена на мала површина – ласер, кој тогаш не бил ни на повидок, барем не налик денешниот.

Вудленд, кој тогаш работел во ИБМ, ја убедил компанијата да доведе консултанти и да го процени нивниот патент, но не се прославил. ИБМ му понудиле пари за патентот, но Вудленд и Беранрд Силвер, неговиот соработник во правењето на таа верзија на кодот за обележување производи, одбиле затоа што сметале дека понудата е премногу мала. Потоа, во 1962 година го продале на компанијата Филко, а тие потоа на компанијата РЦА.

Во шеесеттите години, дипломецот од МИТ, Дејвид Џ. Колинс се обидувал да смисли начин за препознавање железнички вагони. Наместо белите и црните линии, тој смислил сини и портокалови пруги направени од материјал што рефлектира. Пругите ги претставувале броевите од 0 до 9. Секој вагон имал четирицифрен број кој покажувал на која железница ѝ припаѓа некој вагон, и уште десет цифри за идентификација на самиот вагон.

Колинс кон крајот на шеесеттите, кога неговата идеја станала добро прифатена, повторно ѝ се обратил на својата компанија Силванија со идеја да направи црно-бел код, но го одбиле, објаснувајќи дека немаат пари за вложување. Тогаш Колинс дал отказ и основал сопствена компанија, а Силванија никогаш не се збогатила од сино-портокаловите пруги.

Потоа се појавиле и ласерите кои со тенки зраци во форма на линии поминувале преку баркодот. Во седумдесеттите на дополнително прилагодување на кодирањето производи се нафрлил крајниот купувач на патентот на Вудленд, компанијата РЦА, иако кодот тогаш не наликувал на денешниот и на крајот ја изгубил битката. Од друга страна, Вудленд продолжил да работи за ИБМ каде развил „универзален код за производи“ (Universal Product Code, UPC), кој најпосле го прифатила целата индустрија.

Баркодот и неговите читачи станувале сè помали и поевтини, а ласерот функционирал од сè пошироки агли и поголема оддалеченост. Стандардизацијата на единствениот вид баркод помогнала во неговиот развој: мастило, налепници, помали читачи, работење на батерии...

Извор: http://naukakrozprice.rs

 

ОкоБоли главаВицФото