Изложба на љубовната поезија на Кочо Рацин во НУБ „Св. Климент Охридски“

29.06.2018 11:28
Изложба на љубовната поезија на Кочо Рацин во НУБ „Св. Климент Охридски“

Со „Ноќна романса за Кочо Рацин“ вечерва НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе одбележи два значајни јубилејни датуми на Кочо Рацин: 110 години од неговото раѓање и 75 години од неговата смрт.

Почитувачите на поезијата на Рацин, особено на љубовната поезија, ќе имаат исклучителна можност да ги видат сите зачувани картички кои Рацин ги испраќал до Раца и други девојки искажувајќи ја својата младешка љубов, како и да слушнат дел од стиховите во изведба на актерот Дамјан Цветановски.

Триесет и едно љубовно писмо од Кочо Рацин до Рахилка Фирфова- Раца, неколку напишани со негова крв, вечерва првпат јавно ќе бидат претставени

Публиката ќе има можност да го проследи и музичкиот перформанс на Васко Атанасоски (Bernays Propaganda) и документарниот филм „Бели мугри“.

Перформансот ќе се одржи на платото пред НУБ, со почеток во 20 часот.

 

Слични содржини

Јавни Простори / Живот / Култура

ОкоБоли главаВицФото