Патот до пеколот е поплочен со добрин амери

02.07.2018 00:38
Патот до пеколот е поплочен со добри намери

Ко Каин
А бел кокаин
брат? Ќе нè убие,
ко Каин, Авел.


Химна
Гоце Делчев, Питу Гули,
Добрин Коцев, Сандански.
Гоце Делчев, Питу Гули,
Добрин Коцев, Сандански.


Рај
По којзнае кој пат,
вратата на рајот прво ја туркам,
наместо да влечам.


Едно
Да сме едно.
Да смее дно
врв да биде.


Мува
Мислејќи на тебе
не заспав цела ноќ
од една досадна мува.


Емоции
Умрев од смеење
и лежам таков мртов сериозен,
а сиоте околу мене плачат.


Грешка. Грешник
Патот до пеколот
е поплочен со
добрин амери.


Македонија
Ја љубам
Македонија,
ја љубам со усни,
јазикот не го давам.


Замисла
Те
замислувам крај
мене
замислувам крај.


Исус на крст
Извика од болка,
ковачот на шајки,
случајно удирајќи
си го својот прст.

 

Слики: Jorge Santos

 

ОкоБоли главаВицФото