„Абортус: уназадување во Европа“: филм и дебата

02.07.2018 01:55
„Абортус: уназадување во Европа“: филм и дебата

На 2 јули (понеделник), во Јавна соба, со почеток од 19 часот, H.E.R.A. организира дебата и проекција на филм на тема: „Абортус: уназадување во Европа“.

„Секогаш е вистинско време да се зборува за правото на избор и за женските права, а особено сега кога се менува рестриктивниот македонски закон за абортус којшто е во сила веќе 5 години. Токму затоа, по проекцијата на филмот „Абортус: назадување во Европа“ на француско-германската АРТЕ, што го обезбедивме со поддршка на EPF - European Parliamentary Forum on Population & Development, ќе дебатираме за правото на избор и за пристапот до абортус во Македонија, заедно со министерот за здравство Венко Филипче, професорката Ана Мартиноска, истражувачот и програмскиот координатор Славчо Димитров од Коалицијата „Маргини“ и гинекологот Снежана Георгиева Јаневска. Улогата на модераторка ќе ја има Ива Михајловска од ХЕРА.

Дали и ние сме дел од затвореното општество кое сонува да поставува граници и да го контролира женското тело?“, пишуваат организаторите.

Правото на избор е неприкосновено човеково право, арно ама ни ден-денес не се почитува дури и онаму каде што законот го гарантира. Женското тело и правото на абортус повторно се мета на движењето за правото на живот чии активисти се сè помлади, дигитално писмени, стратешки исповрзани и несопирливи. Нивните акции во јавноста ги раздвижуваат народните маси, а оние зад кулисите им обезбедуваат не само место во европските институции, туку и неисцрпна финансиска поддршка - и на европско тло и отаде „големата бара“.

 

ОкоБоли главаВицФото