Рубикинетика

03.07.2018 12:39
Рубикинетика

Постојат безброј начини да се реши Рубикова коцка, култната шарена играчка, но едно момче од Кина одлучи да го направи предизвикот уште потежок со тоа што се обиде да реши три Рубикови коцки истовремено, додека жонглира со нив. 

Чуе Џианју (Que Jianyu) е 13-годишно момче од Фуџиан во Кина, кое две години се подготвувало пред да се појави на сцената во шоуто iDream на кинеската Zhejiang TV. 

Претходно Џианју има 15 секунди за да ги испита трите коцки. За време на обидот тој без застанување ги фрла трите коцки во воздух, експресно ги завртува со прстите за да ги реши во моментот кога ги прифаќа во рацете пред повторно да ги исфрли во воздух. И сето тоа со неверојатна брзина.

Џианју го постигна „Најбрзото време за решавање на три Рубикови коцки со жонглирање“ и го постави Гинисовиот рекорд од неверојатни 5 минути и 6 секунди.

Погледнете го видеото на кој е документиран овој спекртакуларен подвиг.

Извор: Guinness World Records

 

ОкоБоли главаВицФото